Група на FB: www.facebook.com/Stop.pedofilija
Профил на FB: www.facebook.com/Stop.Pedofilija.MK
За прашања :
pedofilija@zsd.gov.mk
Зошто децата се плашат да кажат?

Децата најчесто кријат дека се сексуално злоупотребени и за тоа не кажуваат на никој, но бариерите треба да бидат срушени преку отворен разговор на таа тема.
- Жртвите често молчат и некажуваат на никој за тоа што им се случило заради чувството на срам, вина и страв.
- Децата не кажуваат бидејќи се плашат да не ги разочараат своите родители и да не го „оцрнат” семејството.
- Сторителите манипулираат со децата и многу често се обидуваат да ги збунат за тоа што е добро а што е лошо.
- Многу сторители ги убедуваат децата кои се на помала возраст дека тоа е „игра” и дека „се е во ред”.
- Некои деца жртви на злоупотреба се на многу мала возраст за да разберат дека биле злопутребени и не сфаќаат што се случило со нив, а многу често децата незнаат како и каде да побараат помош.
- Сторителите му се закануваат на детето за да не каже што му се случило.
Се разбира ова се само дел од причините поради кои децата кои биле исложени на сексуална злоупотреба истата не ја пријавиле.
Научете како децата комуницираат

- Децата кои биле сексуално злоупотребени за тоа што им се случило најчесто му се доверуваат и му кажуваат на некој возрасен во кој имаат доверба. Поради што, едукацијата на лицата кои работат со деца е особена важна во процесот на откривање на злоупотребата.
- Децата може да кажуваат само делови од тоа што им се случило или да се преправаат дека тоа му се случило на некој друг.
- Децата најчесто ќе престанат да зборуваат ако лицето на кое му кажуваат реагира емоционално или негативно.
Зборувајте отворено со Вашите деца

- Зборувајте со Вашите деца за нивните тела, за тоа што е сексуална злоупотреба, која возраст е соодвента за започнување на сексуални активности. Научете ги отворено да зборуваат со Вас на сите теми, вклучително и за секс.
- Бидете позитивен модел за тоа како се грижите за своето тело, научете ги децата да се грижат за своите тела.
- Научете ги децата дека возрасните не смеат да имаат сексуален чин со нив, научете ги кои делови од нивното тело другите не смеат да ги допираат.
- Зборувајте со своите деца дека сторител на сексуална злоупотреба може да биде роднина, член на семејството, пријател или некое повозрасно дете.
- Научете ги децата да не го даваат својот телефонски број, домашна и емаил адреса кога се на интернет.
- Внимавајте како децата го користат интернетот. Се почесто сторителите го користат интернетот за да воспостават контакт со децата.
- Ако на детето му е непријатно или избегнува да биде во близина на некое возрасно лице прашајте го Зошто? Дали има некоја причина за тоа?

©copyright 2012
Design downloaded from MTSP